Изнудил тетовка да си ја продаде куќата во замена за стан

Од
Објавено на

Вчера (2 април) во 15 часот и 15 минути во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, заканувајќи им се на неа и на нејзините деца, изнудил таа да ја продаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари.
Но, според пријавеното, ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против В.А. ќе следува поднесок.
