Свет

(Видео) Бебе поминало 128 часа под урнатините во Турција, се верувало дека мајката починала – По 54 дена повторно се заедно

[ad_1]

Бебето кое беше спасено по 128 часа под урнатините по силниот земјотрес во Турција на почетокот на февруари, повторно си ја најде својата мајка по 54 дена.

dobivaj vesti na viber

Имено, три и пол месечно девојче кое здравствените власти го нарекоа „мистерија“ на 11 февруари беше спасено од урнатините на уништената зграда во Хатај и веднаш хоспитализирано.

Во саботата, 54 дена подоцна, министерот за семејство и социјала Дерја Јаник објави фотографии од емотивната средба на мајката и ќерката.

Се испоставило дека жената, која претходно била прогласена за мртва, била хоспитализирана во друга болница, но ДНК тестот потврдил дека е во роднинска врска со бебето.

„По земјотресот, со своето семејство најдовме уште едно дете кое беше под институционална заштита во Анкара. Ветин Бегдаш, на која акушерките и го дадоа името Гизем, по 54 дена се враќа со нејзината мајка во Адана“, напиша Јаник.

Видеото од средбата меѓу мајката и ќерката стана вирално, а илјадници корисници на социјалните мрежи ја поздравија оваа „одлична вест“.



[ad_2]

To Top