[ad_1]
Најмалку едно лице загина, а 30 се повредени, од кои некои многу потешко, кога рано утринава во Холандија патнички воз со околу 50 патници излета од шините.
Возот излетал од шините откако удрил во градежен кран на пругата, соопшти холандската служба за итни случаи.
A cargo train, a passenger train and a crane collided around construction works near Voorschoten in the Netherlands, killing at least one. https://t.co/iJRaKBBdAJ
— Gerjon | חריון | غريون | ኼርዮን (@Gerjon_) April 4, 2023
Спасувачките екипи се на местото на несреќата во Воршотен, село во близина на Хаг, соопштија холандските власти, пренесува Ројтерс.
Од пожарната и итната помош за холандското радио изјавиле дека 19 лица се пренесени во болница, а на останатите им била укажана помош на лице место.
🇳🇱 Following a collision with building machinery on the tracks, a passenger train in the #Netherlands derailed. There was one fatality and thirty injuries : Report pic.twitter.com/GmZyhv8cAT
— OsintTV📺 (@OsintTV) April 4, 2023
Првиот вагон на ноќниот воз од градот Лајден за Хаг излета од шините по судирот и излета во поле, јави холандската новинска агенција АНП.
Според информациите, вториот вагон се превртел на страна, а во последниот вагон избувнал пожар, но тој брзо бил изгаснат.
Холандските железници објавија на Твитер дека возовите меѓу Лајден и делови од Хаг се откажани поради несреќата.
[ad_2]