Свет

Апсења во Хрватска: Осомничени за измама со средства од фондови на ЕУ

[ad_1]

Неколку лица се уапсени рано утринава во областа Риека и Меѓумурје. Тие се осомничени за проневера со средства од Европската унија, јавува загрепски Јутарњи лист, повикувајќи се на неофицијални информации.

Оттаму велат дека во тек се претреси во просториите, а според засега достапните информации, акцијата се спроведува по налог на Европското јавно обвинителство (ЕПО).

Во истрагата наводно биле опфатени и лица од градската управа на Риека, меѓу кои и поранешен шеф на надлежната градска управа. Покрај нив, истражителите таргетирале уште најмалку две лица поврзани со компанија „Меѓимурје“ која изведувала работи на проект поврзан со депонирање на отпад.
Станува збор за проект кој беше кофинансиран со повеќе од 30 милиони куни грантови од фондовите на ЕУ. Според неофицијални информации, пишува Јутарњи, истражителите на ЕЈО се сомневаат дека имало незаконски отстапки при тендерот за таа работа, како и дека целиот проект на крајот бил неоправдано преплатен.

[ad_2]

На почеток