Македонија

Парите за учебници завршија кај поранешен фунционер на ДПМНЕ и обвинет од СЈО, вели Левица

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја скандализира изјавата на министерот Шаќири дека нема доволно средства за печатење учебници, буџетските пари за учебници завршија во фирма на нивен сопартиец, вели Левица

„Имено, во 2022 година, „ЕВРОПА 92 ДООЕЛ Кочани”, фирма на поранешниот пратеник и градоначалник од редовите на ДПМНЕ, Ратко Димитровски, има наплатено 7.885.252 евра од МОН за печатење учебници, што е близу 2/3 од вкупната сума издвоена за учебници од вкупно 12,5 милиони евра.

Односно, минатата година одделени се по 50 евра за учебници за секој ученик во државава, од прваче до матурант. Сепак, голем број ученици немаат учебници или учат од стари, парталави учебници кои се печатени пред десетина години.

Токму Ратко Димитровски беше еден од обвинетите во случајот „Поштенска банка, кој го покрена СЈО. Тоа што овој случај нема судска разрешница, а контроверзната фирма продолжува да добива државни пари – потврдува дека во пракса функционира широката коалиција на СДС, ДПМНЕ и ДУИ.

Наместо да ја замајуваат јавноста и да глумат загриженост за образованието, овие три криминогени партии треба пред јавноста да одговорат каде се парите од меѓусебните зделки со нивната олигархија“, се вели во соопштението.

To Top