„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Можевте веднаш да одлучите, наместо да го вратите предметот, Кривичен суд ѝ врати на Апелација за “27 април”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sud-krivicen

Кривичниот суд во однос на одлуката на Апелација за предметот кој во јавноста е познат како „Организатори 27 – ми април“, кој го врати на повторно судење, испрати реакција до медиумите. Тие посочуваат дека Апелација можела да одлучи без предметот да го враќа на ново судење.

— реклама —

Реакцијата од Кривичен суд, во целост:

„Апелациониот суд Скопје, можел брзо и мериторно да одлучи по жалбите на обвинетите лица, особено што причина за укинување на затворските казни е примената или неприментат на Законот за амнестија, како што е наведено во нивното соопштение, без притоа да навлага во анализа на доказите и утврдување на фактичката сосотјба, особено што предметот повеќе од една година се наоѓал во нивно надлежно постапување. Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас.

— реклама —

Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат Законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок.

Сите високо профилни предмети, без разлика на статусот на обвинетите, во Кривичниот суд, се водат во крајно транспарентна постапка со присуство на медиумите, невладините организации и претставниците на меѓународните организации кои ја следат и ценат работата на правосудните органи. Нешто што е признаено и пофалено како пример и од меѓународнот фактор, но и од домашната јавност, што пак не е пример при одлучување во повисоките судови. Па во тој правец, но и во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука“, велат од Кривичен суд.

„Неутврдена е фактичката состојба“, „има недостатоци поради кои не може да се испита законитоста“, „пресудата е нејасна“, „неутврдени дејствија на обвинетите“, „недоволно расправање за амнестијата“. Ова се неколку образложенија кои ги користи Апелациониот суд за да му укаже на Кривичниот суд зошто ја укина пресудата за „Организатори на 27 април“. Судиите од Апелација, Татјана Дуковска, како претседател на советот, заедно со Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски, Тања Милева и Јусуф Ајрулахи бараат Кривичен суд, односно нивниот колега Илија Трпков, да ги исправи овие недостатоци и да ја утврди точната состојба при повтореното судење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања