Актуелно

Од денеска ќе купуваме овошје и зеленчук со замрзнати цени

Владата на вчерашната седница донесе одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, односно замрзнување на цените и тоа на свежите домати, свежите краставици, кромидот, карфиолот, свежите зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.

Во трговијата на мало од денеска килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

Претходно Владата ги замрзна цените на лебот, тестенините, одредени млечни производи, а се размислува и за замрзнување на цените на некои хигиенски производи.

На почеток