Актуелно

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Лисиче

Советот на Општина Аеродром вчера ја усвоил Иницијативата на советничката група на Левица за поставување на споменикот на, како што се наведува во соопштението, револуционерот Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром, поточно во паркот во Горно Лисиче по барање и инсистирање на претседателот на Советот.

Соопштението на Левица го објавуваме интегрално:

„Андон Лазов Јанев – Ќосето е македонски револуционер, современик и другар на Гоце Делчев и Јане Сандански кој пак е поврзан со Општина Аеродром, бидејќи неговото име ја носи најголемата урбана населба во општината – населбата Јане Сандански.

Во прилог ја објавуваме и оригиналната телеграма од страна на Андон Лазов Јанев до другарот Лазар Колишевски по повод Вториот конгрес на Народниот фронт на Македонија одржан на 23 и 24 мај 1948 со честитки за говорот на Колишевски и со желби за национално обединување на Македонците која гласи:

„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив” – Андон Лазов Јанев.

На почеток