Македонија

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 6.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,946 %, кај дизелот 4,784 %, кај екстра-лесното масло 4,793 % и кај мазутот има зголемување од 1,892 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,224 %.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/л.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемуваат 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,505 денари/кг и сега ќе изнесува 41,079 денар/кг.

Од 11.4.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 74,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,079 (денар/килограм)

На почеток