Баш му е гајле за народот, Мицкоски е и против намалување на цените, вели СДСМ
На Христијан Мицкоски баш му е гајле за граѓаните, не сака семејствата месечно да заштедуваат пари со помалите сметки за пазарење, вели СДСМ
„Тој е единствениот кој е против намалување на цените на производите.
ВМРО-ДПМНЕ сака само да зема од џебот на граѓаните, сака народот да биде сиромашен, работниците да бидат евтина работна сила.
Затоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во секоја општина зголемуваат цени на комунални услуги и ги задолжуваат граѓаните.
Додека ВМРО-ДПМНе е заглавено во истата криминална матрица, СДСМ се грижи за граѓаните и го заштитува нивниот стандард со намалување на цените и покачување на платите и на пензиите“, се вели во соопштението.