Патoт с. Виничани до Градско за празниците е отворен за сообраќај


Патниот правец од с. Виничани до Градско за претстојните празници (14, 15, 16, и 17 Април 2023) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40км/ч, известува АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
