Македонија

Третманот на младиот Никола ќе трае една година, добил охрабрувачки вести за подмолната болест

Владимир Блажев – Панчо на социјалните мрежи објави дека младиот Никола добил охрабрувачки вести и неговиот третман ќе трае една година.

„Другари, на овие убави празнични денови имаме и преубави вести. Нашиот голем борец Никола, за кои се сплотивме сите заедно беше на првиот преглед во Турција каде што добил позитивни и охрабрувачки вести за подмолната болест. Третманот ќе трае една година и се потребни 111.000 евра, но благодарение на сите хумани луѓе веќе е собрано 90.000
Ајде да направиме следниот Велигден Никола да е веќе безгрижен и да ужива во секој еден миг како неговите другари.

Броевите за донација се:

Телеком 143 117
А1 143 488“, напиша Панчо на Фејсбук.

На почеток