Актуелно

Суспендиран анестезиологот кој објавувал снимки од пациенти на „ТикТиок“

Анестезиологот од Тетовската болница, кој објавувал снимки од пациенти на „ТикТиок“, е суспендиран од работа,соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити.

„Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто“, вели министерот.

Анестезиологот вчера беше приведен, по пријава од директорот на Тетовската болница, оти , снимал пациенти и доктори, а снимката потоа бил објавена на социјалната мрежа „ТикТок“.

„Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот“, вели директорот на болницата, Вела.

На почеток