Македонија

Ако сакаме да изградиме за пократок временски период, треба да има прекувремена работа, вели Тренчевска

Министерството за труд и социјална политика допрва ќе утврдува горна граница за работното време на работниците кои ќе бидат ангажирани на прокетот договорен со конзорциумот Бехтел и Енка. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска при гостување на телевизија Телма. Таа истакна дека ќе бидат во постојана комуникација со пратениците, и посочи дека иако законот е поднесен од пратениците, по реакциите се вклучуваат за да ги заштитат работничките права.

– Работната недела е минимум 40 часа. Владата никаде не вели дека ќе биде 60 часа, туку дозволуваме повеќе од осум часа неделно зависно од процесот на работа. Меѓутоа на оној работник кој што сака да работи прекувремено, да може да му биде платено прекувремената работа, а сепак тоа да биде во рамки на законот – рече министерката.

Работнците, како што рече, ќе потпишуваат договор според кои сами ќе одлучуваат дали ќе работат дополнителни часови кои ќе им бидат платени.

– Ако сакаме брзо да градиме, ако сакаме да изградиме за пократок временски период, треба да има прекувремена работа, што е најважно, прекуврементата работа ќе биде платена и секој работник ќе даде писмена согласност дека сака да работи прекувремена работа. Без писмена согласност на работникот никој не може да работи повеќе од она што е во моментов предвидено во законот за работни односи – дополни Тренчевска.

На почеток