Актуелно

Ковачевски лаже, наместо 51%, само 30 % од работниците за градба автопатите ќе се од Македонија, Николоски открива од договорот на Владата со Бехтел и Енка

ФОКУС: Освен обврската за воведување 60-часовна работна недела и плаќање пенали доколку тоа не се направи, дали договорот има други спорни елементи?

Николоски: За вашиот медиум ексклузивно ќе откријам уште еден сегмент. Се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни.
Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци.
А премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци.
Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија , треба да добие работна дозвола и дозвола за престој. Само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза.
А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите.

ФОКУС: Но, власта ја убедува јавноста дека овој конзорциум е сериозен и дека реализирала крупни проекти во многу земји.

Николоски: Уште една информација. Косово е попаметно од Македонија. И таму се градеше автопат од „Бехтел и Енка“. И таму е иста сумата на пенали од 53 милиони евра што Косово требало да им ја исплати, или трошоци за работа како што ги нарекува нашата влада. И во Македонија и во Косово, пеналите се 53 милиони евра.
Специјалното обвинителство на Косово, во февруари лани поднело обвинение против поранешниот министер за транспорт и инфраструктура затоа што прифатил ваков договор. Еве за жал, во владеење на правото паднавме и под Косово.

На почеток