Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Текстот Се вози со користење на телефон, без регистрирани возила, со минување на црвен семафор – за еден ден казнети 149 возачи во Скопје е превземен од МАКФАКС.
Се вози со користење на телефон, без регистрирани возила, со минување на црвен семафор – за еден ден казнети 149 возачи во Скопје
Од
Објавено на