Актуелно

Сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, две лица пренесени во болница

Две лица се однесени во болница за укажување помош, а сообраќајот беше во прекин, по потешка сообраќајка која се случи на автопатот „Тетово-Гостивар“. Несреќата беше кај клучката Камењане до наплатната станица Тетово.

Според МВР, повредените се сопатници во автомобилот „опел астра“, управуван од 52-годишен гостиварец, а кој се судрил со „мерцедес“ управуван од 38-годишна скопјанка.

„Во несреќата, две лица-сопатници од возилото ‘опел астра’ се здобиле со повреди и веднаш се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, а поради несреќата сообраќајот на овој потег беше во прекин до 16 часот и 15 минути и се пренасочуваше по други, околни патишта“, велат од МВР.

На почеток