Македонија

Луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат, вели владиката Петар за финансирањето на телевизијата

Владиката Петар не кажа кој ќе ја финансира телевизијата која ќе почне да зрачи од први мај. Тој откри дека 50 отсто од програмата ќе биде со забавен карактер, 30 отсто со образовен, документарен, но дека ќе има и политичка содржина. Сепак бурно реагираше на прашањата од каде ќе набави средства за функционирање на телевизијата.

„Тоа да не го интересира никого, ниту мене ме интересира кој вас ве финасира. Битно е дека се чисти пари, не се перени. Не сакам да се мешам никому во егзистенцијата и начинот на кој си ја уредува телевизија, ни мене да не ми се мешаат, луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат“, рече владиката во интервју за Телма.

Тој кажа дека не се врзуваат со политичка партија.

На почеток