Македонија

Ристоска: Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание

Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, денеска пред медиумите уште еднаш ја искритикува работата на Советот за јавни обвинители, каде што како што рече таа, владеат клиентелистички односи.

– Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката.

Ристоска успешно го водеше случајот „Таргет-Тврдина“ во кој осуден на затворска казна беше поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Пред две години таа за тоа доби „казна“ од мнозинството во Советот на јавни обвинители и не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.

На почеток