Актуелно

Димитриевски бара ЕУ да ја прeвоспита Бугарија

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски побара од Брисел да ја превоспита Бугарија и да најде начин како да го менаџира процесот на преговорите на Македонија со ЕУ. Вели дека доколку тој сега би бил пратеник не би гласал за уставните измени.

„Јас не сум подготвен да си менувам јазик, да си менувам култура, да си менувам нација за да бидам член на Европската Унија. Македонија е можеби една од малкуте држави во светот којашто го менуваше својот Устав во последните 20-тина години како да е еден лист обична хартија. Мислам дека е недозволиво во овој момент, под вакви услови да поминат уставните измени и доколку би бил член на парламентот сигурно дека не би ги поддржал“, рече Димитриевски синоќа во гостувањето на Сител.

Вели дека тој се чувствува како Европеец, местото на Македонија е во ЕУ, но секој кој ќе упати критики кон власта рече дека е етикетиран како русофил или поддржувач на Русија.

Инаку, Димитриевски претходно на интервју во Софија, порача дека Бугарите мора да прифатат дека ние сме Македонци инаку нема да се разбереме. Тој во тоа интервју за натписите на спомениците на кои стои „бугарски фашистички окупатор“ кажа дека не може да ја менува историјата.

На почеток