Коментари

Утре може да се случи вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата, вели Данева

Откако вчера, со седум гласа ЗА, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева беше разрешена од функцијата, а раководењето на седницата го презема нејзиниот заменик, Селим Адеми, во јавноста се крена огромна прашина.

Професорската констатираше нејзиниот заменик Селим Адеми на денешната седница на Судскиот совет. По кавгите кои траеа неколку часа, а откако Дамева одби да се стави на гласање точка која ја немаше на дневен ред, нејзиниот заменик реши да се гласа со кревање рака. Седум членови го поддржаа заменикот, кој го презеде раководењето на седницата при нејзино присуство.

„Денес потпретседателот на Судски совет и го одзеде зборот на претседателката на Советот и продолжи да ја води седницата, па ја разреши спротивно на Закон и Деловник.
Сите молчат!
Утре може да се случи првиот (или вториот, третиот…) вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата!
Сите пак ќе молчат! И него ќе го пуштат низ вода. Битно нивните функции, паушали, хонорари да останат нечепнати“, вели професорката Ана Павловска Данева.

На почеток