Актуелно

Претседателката на Косово на инаугурација на улица во Чаир

Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, денеска присуствуваше на на инаугурација на улицата со името „Ибрахим Ругова“ во Општина Чаир.

На свеченоста присуствуваше градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Улицата порано го носеше името „Славеј Планина“.

Од Општина Чаир најавија дека косовската претседателка ќе ја посети и Старата чаршија, а ќе положи цвеќе кај Споменикот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег и бистата на Хасан Приштина.

На почеток