(ВИДЕО) Апасиев до Ковачевски: Дали ви отворија сметка во ‘Дојче Банка’ и колку пари ви легнаа на таа сметка од овие трансакции?
Пратеникот Димитар Апасиев, на собраниска седница, му се обрати на премиерот Ковачевски со две прашања.
„Првото прашање се однесува на Вашата некогашна инволвираност во аферата ‘Маџар Телеком’, за којашто некои истражувачки новинари веќе со месеци континуирано објавуваат.
‘Маџар Телеком’ е една од најкоруптивните афери во Европа, кога практично цела тогашна владејачка и опозициска гарнитура се поткупени!
Во тоа време, премиер е Бучковски, опозициски лидер е Груевски, а коалициони лидери во власта се Али Ахмети и Муса Џафери.
Поткупен е практично цел македонски парламент. Срамота е за нас како држава, тоа што американски судови досудија, а нашите дури сега, и тоа само на странци, а не се осудени споменатите политичари кои го зеле митото за кое се зборува дека е од 7,5 милиони, па се до 15 милиони ЕУР.
Моето прашање е: Дали ви отворија сметка во ‘Дојче Банка’ и колку пари ви легнаа на таа сметка од овие трансакции?“, вели Апасиев.