Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри во Кичево, Битола, Павлешници, Делчево и Смојмирово.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.