Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер со променлив правец. По одделни котлини ќе има појава на магла. Температурата ќе се движи од 2 до 9 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со температура од -2 до 5 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд во пониските места, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во вторник, особено во западните и јужните делови. По котлините ќе има појава на магла.