Свет

Шест деца се убиени во масакрот во училиштето во Србија: „Ми ги уби двајцата другари, лежев врз нив“ – сведочи ученик

Шест деца се убиени во масакрот во училиштето во Србија: „Ми ги уби двајцата другари, лежев врз нив“ – сведочи ученик


Четиринаесетгодишниот ученик Коста Кечмановиќ кој упадна во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград убил најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.
Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста К. влегол во училиштето и почнал по случаен избор да пука во соучениците со оружје на неговиот татко.
Пред училиштната зграда има видно вознемирени деца, но и нивните родители.
„Ми ги уби двајцата другари, легнав врз нив да помисли дека сум мртов“, вели ученик за пукањето во училиштето во Врачар.
Загинаа најмалку шест деца, а неколкумина се повредени.
Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника, две се стабилни, додека едно дете е во критична состојба.
Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени во Ургентниот центар.
Првиот ранет бил чуварот, кој набргу по пукањето починал.

На почеток