Зеленски за протекувањето доверливи информации од Пентагон: Тоа не е корисно за угледот на САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека протекувањето доверливи информации од Пентагон не е од корист за угледот на САД, но дека сепак ја цени поддршката на Вашингтон за Киев.
Зеленски изјави за „Вашингтон пост“ дека Белата куќа не го контактирала за протекувањето на строго доверливите документи на американските разузнавачки служби минатиот месец.
На прашањето дали довербата меѓу САД и Украина е нарушена поради протекувањето информации од Пентагон, кои покажуваат дека Вашингтон наводно шпионирал високи украински функционери, вклучително и него, Зеленски истакна дека тиоа е не вредно во споредба со поддршката за Киев, објави Гардијан.
Украинскиот претседател нагласи дека протекувањето на доверливи информации и’ нанело штета на Украина бидејќи Русија однапред добила одредени известувања.
Еден гардист на американската армија е обвинет за протекувањето на доверливите документи кои првпат се појавија на Дискорд, платформата за социјалните медиуми, минатиот месец.
Одредени доверливи досиеја од февруари сугерираат дека украинската воздушна одбрана ризикува да остане без ракети и муниција од советската ера за неколку недели.