Македонија

„Не диши, имаме други приоритети“, „Сакаме лек, не комодитет“, болните од цистична фиброза повторно на протест

На пладне пред Министерството за финансии се одржа протест на болни со цистична фиброза. Тие го бараат лекот „Трикафта“.

Пациенти со цистична фиброза денеска протестираат пред Министерството за финансии бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ за сите на кои им е неопходна.

Дваесетина минути откако почна денешниот протест, претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза беа повикани и влегоа во Министерството на разговор.

Додека внатре се разговара за нереализираното ветување дека лек ќе се набави за сите, протестот пред Министерството продолжува. Ечат свирчиња, а болните и нивните семејства носат транспаренти „Ретки сме и постоиме“, „Наше право за лек, ваша обврска“, „Здравје пред профит“, „Бидете и сојузници на нашата борба за живот“ и „Не диши, имаме други приоритети“, со кои бараат Министерството за финансии за одвои средства за набавка на лекот.

По смртта на Благојче Илиевски, еден од најгласните борци за набвак ана „трикафта“, лекот беше итно обезбеден но го добија само 12 пациенти чија состојба беше оценета како најкритична. Беа донесени и законски за олесна набавка но веќе трет месец нема известување дека лекот се набавува и за останатите болни.

Според податоците од Асоцијацијата, во земјава има околу 140 болни од цистична фиброза

На почеток