Коментари

Револт по пукањето во училиштето: „Србија денеска покажа дека го има тоа што го има Америка – ДИВ ЗАПАД!“

Граѓаните на Србија, но и на регионот, на социјалните мрежи ја изразија својата огорченост по веста дека малолетник ученик со огнено оружје пукал кон соучениците и вработените во основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград.

Корисниците на социјалните мрежи го споредија нападот во главниот град на Србија со настаните во Соединетите Американски Држави, каде нападите во основните и средните училишта станаа честа појава, а според коментарите на интернет, има бројни причини за нападот во Белград.

Еден од корисниците на социјалните мрежи во коментар на Твитер наведува дека во Србија се станало како реалното шоу Фарма и прашува какви ќе бидат последиците од таквиот однос на јавноста кон младите.

На почеток