Актуелно

Во масакрот во Врачар убиена ќерка на поранешен тренер на Ѕвезда!

Во масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар е убиено девојчето Е.К.(14), ќерка на одбојкарскиот тренер Драган Кобиљски (51).

Во неа пукал момчето К.К.(14), кое уби осум деца и еден обезбедувач, а рани уште седум лица. Страшната трагедија му се случи на Кобиљски во Романија каде работи во одбојкарскиот клуб Залау.

Станува збор за поранешен репрезентативец и човек кој како играч го носеше дресот на Партизан и како тренер ја водеше одбојкарската екипа на Црвена звезда. Тој веднаш по добивањето на страшната вест заминал во Србија.

Ова за Информер го потврди поранешниот одбојкар Жељко Танасковиќ, девер на Драган Кобиљски, кој се ожени со сестрата на Драган.

– Сите сме изненадени и потресени. Не знам што да кажам. Голема трагедија и едноставно е незамисливо да се случи на овие простори. Со Шурак Драган се знаеме долго време, игравме заедно, тоа што му се случи е катастрофа. За мене е незамисливо тоа да се случи на овие простори, што само говори колку треба да внимаваме на младите – вели Танасковиќ.

На почеток