Двајца верници кои учествуваа на еврејскиот аџилак беа убиени во вторникот вечерта откако туниски полицаец отвори оган пред синагогата Ел Гриба на островот Џерба, соопшти туниското Министерство за внатрешни работи.
Би-би-си јавува дека подоцна бил убиен и полицаецот. Истрелите се слушнале недолго откако во пристаништето Џерба било пронајдено тело на друг убиен полицаец чиешто оружје му недостасувало.
Напаѓачот, наводно, прво го убил колегата за да ја украде муницијата пред да се упати кон синагогата.
A moment during the event of the Jewish community in Djerba Tunis following the shooting outside.
There are no reports of casualties. pic.twitter.com/YhwceOPigC
— RedBrasco – RedLehi (@redbrasco) May 9, 2023
Напаѓачот пукал неселективно кон безбедносните службеници кои биле во близина на синагогата, при што биле убиени двајца посетители и уште еден припадник на обезбедувањето, а ранил и петмина припадници на обезбедувањето и четворица посетители. Потоа безбедносните сили го застрелале, соопшти МВР.
Несреќата се случила среде годишниот аџилак на островот Џерба, кој привлекува стотици Евреи од Европа и Израел.
Кога слушнаа истрели околу синагогата Ел Гриба, стотици верници кои учествуваа на годишниот еврејски аџилак, кој заврши во вторникот вечерта, почнаа да бегаат, објавија медиумите. Упатено е полициско засилување за обезбедување на верниците. Весниците пишуваат дека полицаецот бил застрелан од неговите колеги.
Некои медиуми јавуваат дека полицаецот бил убиен од негов колега во расправија, но оваа информација се уште не е потврдена од официјален извор.
Организаторите велат дека повеќе од 5.000 еврејски верници, главно од странство, учествувале на овогодинешниот аџилак во Гриб, најстарата синагога во Африка, која беше обновена минатата година по двегодишен прекин поради епидемијата на Ковид-19.
Аџилакот во Гриб, кој се одржува секоја година на 33-тиот ден од Пасха, е централна прослава на туниските Евреи. Аџиите главно доаѓаат од европските земји, САД и Израел.
