Министерот за економија на Србија, Раде Баста предложи да се урне зградата на основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што беше извршен масакрот, пишува „Нова.рс“.
„Повикувам на единство на власта и опозицијата на местото на училиштето да се изгради спомен-парк за жртвите од училиштето за да остане нивниот спомен засекогаш. Да се урне сегашното училиште, а некаде во близина да се изгради ново училиште“, напиша тој на инстаграм.
Како дополнение на овој предлог тој се повикува и на објава од РТС каде член на Советот на родители на ова училиште, вели дека децата сакаат да се вратат на училиште, но не и на тоа место.
Медиумите потсетуваат дека во ова училиште се случи масакр кога ученик уби осум деца и чувар, а рани уште шест и наставничка по историја.
