Свет

Речиси 6.000 оружја предадени во Србија

Речиси 6.000 оружја предадени во Србија


Од 8 мај до денеска во Србија се предадени 5.937 оружја, 290.572 единици муниција и 468 мини и експлозивни направи, објави „Танјуг“.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека примопредавањето на оружјето ќе трае до 8 јуни.

„Повеќе од половината од предаденото оружје на првиот ден од кампањата што беше поведена во Србија по двете масовни злосторства минатата недела во училиште во Белград и во околината на Младеновац е оружје што е во легална сопственост“, изјави Бојана Отовиќ-Пјановиќ од Службата за сузбивање криминал при МВР.
Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, на 3 мај, во вооружен напад на 13-годишен ученик од тоа училиште, загинаа осум деца и еден чувар, а ранети се шест ученици и еден наставник.
Еден ден подоцна, вооружен 21-годишен млад човек уби осум лица, а рани 14 во две села кај Младеновац.
По тие трагедии, државата најави дека ќе ги заостри казните за недозволено поседување оружје и даде можност во рок од еден месец тоа да се предаде анонимно и без правни последици.

На почеток