По инцидент во основно училиште во Загреб, родителот на еден ученик ѝ се заканил на наставничката дека ќе се повтори белградското сценарио бидејќи ученикот добил опомена, пренесува РТЛ.
Полицијата вчера интервенира поради сериозни закани од можно белградско сценарио, како и пронаоѓање забранети предмети кај еден ученик во Загреб. Домот на младиот човек бил претресен, а настанот е пријавен во Министерството за образование.
„Министерството за наука и образование добило барање од основното училиште да се направи интервенција и таа е спроведена. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан во согласност со протоколот за справување со насилство кај децата и младите“, велат од Министерството.
Од синдикатот „Препород“ велат дека треба уште многу да се работи на безбедноста во училиштата, а најголем проблем е што директорите често не сакаат да зборуваат за тоа.
Случајот во Белград потсети на загрижувачката статистика, која укажува дека менталните нарушувања кај децата и младите се зголемени речиси 300 отсто, а обидите за самоубиство 280 отсто, е наведено во написите.