Едно лице загина, а уште едно e тешко повредено во пукање во фабриката на „Мерцедес“ во германскиот град Синделфинген.
Неколку работници, кои ја напуштиле фабриката, за „Билд“ изјавиле дека нападот наводно бил насочен кон лидерите на тимот. Се пукало во канцеларијата на шефот.
„Билд“ пишува дека напаѓачот наводно е надворешен соработник на логистичка компанија. Полицијата го истражува инцидентот.
Многу работници од фабриката се на улица и разговараат со своите семејства на телефон.
Засега не е познат идентитетот на жртвата, а од полицијата потврдија дека напаѓачот е 53-годишно лице.
Мотивот за пукањето не е познат.