Актуелно

Министри од Прилеп и Битола не го направија автопатот, сега штипјанец ќе го направи, вели Ковачевски

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на денешната церемонија за почнување на изградбата на коридорот 10 д рече дека досега на функцијата министер за транспорт и врски биле луѓе од Прилеп и Битола, но дека никој не го направил автопатот.

„Затоа сега министер од Штип, Бочварски, ќе го направи автопатот Прилеп – Битола, или Битола – Прилеп, како сакате“, рече Ковачевски.

Тој на крајот од својот говор рече: „Дами и господа, да се фатиме за работа, доста беше зборување“.

На почеток