Коментари

Лефков до Груби: Ќе одговарате и ти и Ковачевски, знаете дека Мицкоски пардон со криминалот нема да има

Ниту Груби, ниту Димитар Ковачевски нема да се спасат од одговорност за криминалот кој со години го прават, под превезот на ЕУ интеграцијата, која ја злоупотребуваат за богатење и крадење и ја крадат иднината на граѓаните, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има.

Груби ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете“ порача Лефков.

На почеток