Актуелно

Медицинските сестри не се задоволни со зголемувањето на платата од 3.000 денари

Владата донесе одлука со која го овласти министерот за здравство да го потпише анексот со кој се зголемуваат платите на вработените во јавните здравствени установи, но медицинските сестри не се задоволни со зголемувањето на платата.

Здружението на медицински сестри смета дека зголемувањето од 3.000 денари не е доволно и предупредуваат дека на Македонија ѝ недостигаат околу 8.000 медицински сестри.

Од здружението порачаа дека нема да се откажат од борбата за подобри услови за работа и повисоки плати.

На почеток