Актуелно

СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ поголеми сметки, СДСМ го намали ДДВ за парно од 18% на 5%

СДСМ изминатите години има резултати, коишто вистински и реално прават разлика. Во споредба со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните и нивниот стандард, вели СДСМ.

„Успешно заврши грејната сезона, иако на почетокот, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се закануваше опасност граѓаните да останат без парно.

СДСМ го реши проблемот со парното греење.

Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните плаќаа поголеми сметки, а СДСМ го намали данокот на додадена вредност за парното греење од 18 на 5 проценти.

Народните пари во време на ВМРО-ДПМНЕ се трошеа на стиропор кој денеска се распаѓа, на бронза, на бикови и жални врби. Денес парите завршуваат назад кај граѓаните“, се вели во соопштението.

На почеток