Македонија

Додека министерот за здравство живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец, лек Трикафта и понатаму нема за сите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Додека Меџити живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец, лек Трикафта и понатаму нема за сите, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Пет месеци пациентите со цистична фиброза се оставени без лекот Трикафта.
Пет месеци владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците не можат да обезбедат лек за сите 140 пациенти.

Нов министер, стари проблеми. Пациенти умираат, останатите едвај преживуваат, а министерот за здравство Меџити наместо да даде јасен одговор, изјавува дека не зависи се од него.

Па, јавно прашуваме ако владата и министерот за здравство Меџити не можат да набават лек за 140 пациенти, тогаш како може да очекуваат граѓаните да ги подобрат состојбите во здравството?

Бараме под итна реакција од надлежните, и одговор од министерот за финансии Фатмир Бесими уште колку ќе се чека лекот да биде набавен?

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за законските измени се со цел да се обезбедат потребните финансиски средства за лекот, а лек се уште нема.

Владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците ги дели луѓето и по болест и целосно го урнаа здравствениот систем.

Доста е од негрижата и неспособноста на владата.

Потребни се итни промени“, се вели во соопштението.

На почеток