Свет

Путин и Зеленски прифатиле да се сретнат со африканските лидери за да разговараат за мировниот план

Путин и Зеленски прифатиле да се сретнат со африканските лидери за да разговараат за мировниот план


Владимир Путин претседателот на Русија и Володимир Зеленски претседателот на Украина се согласиле на одделни состаноци да се сретнат со делегација на африкански шефови на држави за да разговараат за можниот план за ставање крај на војната во Украина, според претседателот на Јужна Африка Кирил Рамафоса.

Рамфоса телефонски разговарал со руските и украинските колеги во текот на викендот, изјави неговиот портпарол. Тие се согласиле да бидат домаќини на „мировната мисија на африканските лидери“ во Москва и Киев.

Лидерите на Замбија, Сенегал, Конго, Уганда и Египет планираат да му се придружат на г-дин Рамафоса во мисијата, рече претседателот. Тој додаде дека Путин и Зеленски му дале зелено светло за „да ги започне подготовките“.
Не беа соопштени детали за можните параметри на разговорите. Зеленски претходно изјави дека нема да размисли за мировен договор за ставање крај на 15-месечната војна додека руските сили целосно не се повлечат од украинската територија.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш беше информиран за планираните состаноци на африканската делегација и „ја поздрави иницијативата“, рече г-дин Рамафоса.
 

На почеток