Најчевска: Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување


Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување, вели професорката Мирјана Најчевска.
„Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има.
Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција).
Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е.
Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази.
Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата.
Незапамтен дилетантизам.
Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори“, додава Најчевска.
