Македонија

Агелер очекува да се почитува законот при разрешување на членови од Судскиот совет и Коцевски

Американската амбасадорка Анџела Агелер се воздржи од коментар за потезите на Владата да го разрешат републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, но порача дека го следат процесот. Порача дека мора да се следи правната процедура.

„Немам коментар. Го следиме процесот. Моето разбирање е дека правната процедура е во тек и од блиску го следиме процесот“, рече Агелер.

Во однос на Судскиот совет, посочи дека очекува следење на правните процедури и при интерпелацијата на членовите на Судскиот совет, која е во тек.

„Очигледно со години посочуваме во однос на Судскиот совет, но и за други аспекти на правосудниот систем, постојат законски процедури и според моите сознанија тој процес е во тек и одблиску ги следиме состојбите и сакаме да видиме дека законот се почитува, одговори Агелер.

На почеток