Скопје

Граѓаните се желни да видат малку конструктивност, дека некој може да се надмине себеси и да работи во нивен интерес, вели Арсовска

Градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи објави видео од своето гостување во Тв24 во кое вели дека граѓаните се желни да видат малку конструктивност, дека некој може да се надмине себеси и да работи во нивен интерес.

„Коалицијата СДСМ – ДПМНЕ има исти ставови и политики, и еден заеднички непријател – Данела Арсовска.

Треба да им биде јасно, во мојата борба за правда и еднакви можности за сите, нема да се откажам. Можат да лажат и да измислуваат колку сакаат, впрочем само тоа го прават во изминативе три децении…“ напиша градоначалничката на Скопје на својот фејсбук профил.

На почеток