Македонија

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали ќе се приклучи во проевропскиот блок или останува со Левица, вели СДСМ

Во македонското Собрание време е за глас за Европа, за продолжување на европскиот пат на државата, вели СДСМ

„Сите 120 пратеници имаат одговорност да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, на нашата држава и нашите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе остане под заложништво на Левица во антиевропскиот блок или конечно ќе го стави државниот интерес на прво место и ќе се приклучи на проевропскиот блок.

Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности.

Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата.

Потребно е да се искористи историската шанса што ја имаме, како и силната поддршка од САД, во услови кога се спроведуваат реформите и кога течат преговорите преку скрининг процесот.

Иднината на нашата држава е во Европската Унија, а полноправното членство е децениска, стратешка определба“, се вели во соопштението

На почеток