Уставни измени во овој парламентарен состав нема да има, во недостиг на реални проекти СДС и ДУИ се како расипана грамофонска плоча со уставните измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Шест и пол години нема ниту еден поголем проект. Шест и пол години Македонија само тоне во сиромаштија, половина милион луѓе живеат со 150 денари на ден, а власта, која не нуди иднина, влегува од национална отстапка во национална отстапка.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден и тој нема да се промени, уставни измени нема да има. СДС и ДУИ зборуваа за хрватски устав, кога рековме истиот како модел да се преслика, тие ретерираа, се виде колку се Европејци. На виделина излегоа сите лаги и клевети, се виде која е целта“, децидни се од партијата на Мицкоски.
Уставните измени, како што додаваат, не може да се носат без консензус на македонскиот народ, консензус нема.
[ad_2]
