Се судрија две возила и мотор, две лица тешко повредени

Од
Објавено на

На 21.05.2023 во 21,20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во с.Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“, управувано од Б.Б.(68) од с.Џепчиште, мотоцикл, управуван 17- годишник од Тетово и патничко возило „фиат“, управувано од Н.Н.(74) од с.Џепчиште, трите со тетовски регистарски ознаки.
По несреќата возачот на моторциклот и неговиот сопатник А.М.(21) од с.Џепчиште биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово.
