Актуелно

Пронајдени 15 рибарски мрежи со 13 килограми риба во Охридско Езеро

На 20/21.05.2023 во периодот од 22.00 до 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“- Регионален центар за гранични работи Запад, во содејство со инспектори по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро реализираа патролни активности согласно Законот за рибарство и аквакултура.

Притоа, на околу 20 мeтри од брегот на езерото, на потегот помеѓу селото Трпејца и Св.Наум, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи со должина од по околу 50 метри, со улов од околу 13 килограми риба.

На почеток