Покачување на платите откако ќе се преиспитаат вработувањата и напредувањата во последните 10 години, вели Најчевска


Професорката Мирјана Најчевска утрово со статус околу покачувањето на платите на јавната администрација. Таа посочува дека има неколку аспекти кои треба да се исполнат пред да им се зголемат платите.
– Државната администрација треба да добие покачување на платите откако:
1. ќе се врати самостојноста на Агенцијата за државни службеници
2 . ќе се вработува и напредува по мерит систем, а не по партиска и етничка припадност
3. ќе се преиспитаат вработувањата и напредувањата во последните 10 години
4. ќе се обезбедат критериуми за објективна оценка на квалитетот на работата на државната администрација – напиша Најчевска на нејзиниот Фејсбук профил.
На ваквата објава, таа доби коментар од поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини „значи, никогаш“.
