Колозова за Мицкоски: Шеташ со аурата на лузер – пошто нејќеше моркови, кај и да е, ќе има стапови
Професорката Катерина Колозова, на својот Фејсбук профил, објави коментар околу изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски при посетата на Струмица, кога ги повика граѓаните да гласаат за неговата партија.
„Човек, цела Америка дојде да ти каже – “наш безбедносен интерес е продолжување на преговорите, и со тоа, изгласување уставни промени.” Да си преземеш одговорност – ти пак на браникот. Ако мислиш дека Русија ќе се тепа со Америка за тебе, си се зезнал. Угоре високо, удолу длабоко. Како и да е, со тебе ДПМНЕ нема шанси да победи. Шеташ со аурата на лузер – пошто нејќеше моркови, кај и да е, ќе има стапови“, напиша Колозова.